На два месеци пред да почне да се одмотува годинешната фестивалска приказна, те повикуваме да се пријавиш за учество во една неверојатна работилница, за да си играме со самите почетоци на визуелниот запис. Ќе научиме по нешто општо за камера опскура, ќе изработуваме фотоапарати и ќе правиме фотографии со нив. Дел од нив дури и ќе изложиме! Ќе ја истражуваме визуелната нарација, ослободени од технолошкиот товар.

Работилницата ќе ја води Сашо Н. Алушевски со дел од секцијата на „МакеДокс“ за фото и видео. Ќе се случува преку ден во текот на три фестивалски дена, во траење од најмалку три часа дневно. Бројката на учесници е ограничена на 16, возраста на учесниците не е. Ако имаш некакво фотографско искуство, уште подобро!

Сакаш да се дружиме? Напиши ни зошто, додади некој ред за себе и испрати ни го кусото мотивациско писмо на photo.makedox@gmail.com најдоцна до 20 јули 2017 година.