1500x300

Подалеку од скопската жега и комоција, но не предалеку од полупразните градски улици, во руралните катчиња низ земјава секоја година пристигнуваат и нашите документарни приказни. И така опстојува една од најромантичните приказни на „МакеДокс“ – Патувачкото кино.
За раскажување има многу, ама зборовите како да си поигруваат криенка со нас, па едвај наоѓаме по некој за да ги објасниме неповторливоста на доживеаното и особеноста на живеењето без стрес, брзаници и онлајн муабети. Во местенцата со имиња што понекогаш за првпат ги откриваме, сретнуваме очи што љубопитно шараат, усти што зборуваат дури и кога молчат, насмевки што се претвораат во спомен… Но, се сретнуваме и со самите себе, во некои други огледала, на воздух што повкусно мириса, под ѕвезди што појасно светат.
Годинава, Патувачкото кино шета низ околијата на Македонски Брод и Порече, а ќе застане да се „освежи“ и крај Дојранското езеро за време на „Д-Фест“.

Распоред на проекции и предлог места каде можеш да се сместиш ако сакаш да ни се приклучиш има ОВДЕ

Годинава патуваме со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија. 

Галерија

Видеа

Билтени