Moving Docs

Во 2017 година, „МакеДокс“ стана дел од Moving Docsпартнерство создадено заради заедничка дистрибуција на документарци низ цела Европа. Поддржано од Програмата на Европската комисија за поддршка на културниот и аудиовизуелниот сектор „Креативна Европа“ (Creative Europe) како нова иницијатива на Европската документарна мрежа (EDN), ова партнерство има за цел да креира иновативни стратегии за опфаќање што поразновидна публика и да ѝ овозможи на публиката од урбаните и руралните делови од Европа да ужива во редовни прикажувања на документарни филмови преку разновидни медиуми и платформи.

Парнери во Moving Docs, покрај „МакеДокс“, се: Against Gravity – Полска, Autlook Film Sales – Австрија, Berlin Documentary Film Club – Германија, CineDoc – Грција, Demiurg DistribucijaСловенија, Doc/it – Италија, Docs Barcelona – Шпанија, Doc.Fest Munich – Германија, European Documentary Network – Данска, Istanbul Modern Cinema – Турција, Jupiter Films – Франција, Lemesos International Documentary Festival Кипар, Doc Lounge – Шведска, Rise and Shine World Sales – Германија, Slobodna Zona/Free Zone Belgrade – Србија, Take One Action Film Festivals – Обединетото Кралство и Taskovki Films – Босна и Херцеговина.

Спремете се за Moving Docs, на пат се прекрасни филмски проекции…

ЧОВЕКОТ ДЕЛФИН / 78′ / 2017

dolphin_man.pdf
moving_docks-01