Аналогна авантура на „МакеДокс“ – работилница за камера опскура

camera_obscura

На два месеци пред почетокот на осмото издание на фестивалот, ве повикуваме да се пријавите на работилницата на која ќе си играме со самите почетоци на визуелниот запис. Накусо ќе се запознаеме со основните теориски поставки на камера опскура, сами ќе изработуваме фотоапарати и ќе правиме фотографии со нив. Дел од нив дури и ќе изложиме. Ќе ја истражуваме визуелната нарација, ослободена од технолошкиот товар.

Работилницата ќе ја води Сашо Н. Алушевски со дел од секцијата за фото и видео на „МакеДокс“. Ќе се случува преку ден во текот на три фестивалски дена, во траење од најмалку три часа дневно. Бројката на учесници е ограничена на 16, возраста на учесниците не е. Како предност ќе се смета секое фотографско искуство, особено со аналогна фотографија.

Напиши кусо мотивациско писмо – кажи ни нешто за себе и зошто би сакал/а да учествуваш на работилницата – и испрати ни го на photo.makedox@gmail.com