МАКЕДОКС ВО СОРАБОТКА СО MOVING DOCS ВИ ПРИКАЖУВА:

dolphin_man.pdf

Dolphin Man / 2017 / 78’
Франција, Италија

Режисер: Lefteris Charitos
Сценарио: Lefteris Charitos, Yuri Averof
Наратор: Jean-Marc Barr
Снимател: Stelios Apostolopoulos
Монтажа: David Kazala
Музика: Mathieu Lamboley
Продукција: Rea Apostolides, Yuri Averof, Ed Barreveld and Estelle Robin

„А сега замисли си дека си делфин и дека живееш слободно според своите потреби. Во секој од нас спие по еден делфин“, вели човекот кој ги помести границите на човечкото тело и ум, но не заради рекордите, ами заради слободата што се раѓа во длабокото, каде што синото повеќе не е сино, каде што небото и чувствата стануваат сеќавања, каде што тишината е потполна, а времето не постои.

Приказната за францускиот делфин премиерно ќе ја раскажеме трипати:

2.11. (четврток) / 20.00 ч. / Кино Култура, Скопје 
3.11. (петок) / 20.00 ч. / Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид 
4.11. (сабота) / 20.00 ч. / Спомен куќа „Браќа Миладиновци“, Струга во соработка со ДримОн /

Карти по цена од 100 денари може да се купат на врата, а во претпродажба Онлајн или на продажните места на КупиКартиЗаСе


Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон. 

Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би рекол дека спокој е можен кога кислородот ни е ограничен? Кој би рекол дека задржувањето на здивот може да ни ги наполни градите со слобода?