ЌЕ ОТОВОРИМЕ СО ЉУБОВ

aveclamour_golema

На 19ти август, ќе ги испратиме штрковите, ќе се повикаме на пронајдокот на Луј Дагер, ќе им оддадеме почит на Спутник, на Белка и Стрелка, ќе им го честитаме празникот на Трансформерси, а веќе од следниот ден, според прастарата традиција, ќе може веќе да се јаде грозје, посветено на Dionis.

Зад седум мориња, седум планини, седум земји, седум чаршии, седум фестивали..знаете веќе – се крие осмото издание на МакеДокс. Ако се прашувате дали ни паднал газо, или дали сме премногу ретро, прошетајте накај Куршумли ан. Ќе се уверите дека работиме со слободна љубов и почит за сите страсти. Отвораме Со љубов, со органски, домашни производи. Со филмот Avec l’amour и концерт на Фолтин!
Не е маркетиншка фора, бројот на влезници навистина е ограничен.

Се гледаме на МакеДокс!