СТУДЕНТСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

studentprogram

Оваа година на менито на студентската програма ќе имате прилика да ги вкусите најновите, свежи, ситно сецкани визуелни деликатеси од целиот свет. Дваесетте филмови од студентската програма во еден посебен жар ќе донесат свежина и промена на осмото фестивалско издание на фестивалот Македокс. Во преплет на теми и мотиви кои се однесуваат на проблемите на прифаќањто на маргинализираните групи и индивидуи, на старите простори во новото време, на национално-утописките идеали, на жената и нејзините универзални озборувања, на децата и нивната паметна игра, и конечно, на човекот и неговото извонредно битие. И бидејќи сите овие комплексни теми не можат да се восприемат во пристојните вечерни часови, студентската програма и оваа година ќе се искачи на една повисока фрекфенција каде што сите птици и инсекти спијат, за тивко да го слушнеме фонот на новото време и неговите промени. Придружете ни се во незаборавниот магичен простор на платото пред музеј на Македонија, секоја ноќ, пред полноќ во точно 23:55 часот за заедно да ја слушнеме тишината. ОВДЕ се сите филмови од оваа програма.