Програма на кратки документарци

KRATKIВкупно 10 кратки филмови ќе бидат прикажани како дел програмата на КРАТКИ ДОКУМЕНТАРЦИ. Програмата ја отвораме со филмот „Кога ќе се разбудиш“ на Џеј Розенблат на 20-ти август во 21:00 во Куршумли ан. Дел од оваа програма е и овогодинешниот добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал- „Балада за жабите“ на Леонор Телс која е најмладата добитничка на оваа награда во историјата на фестивалот.

Филмови во оваа програма се:

Балада за жабите“ на Леонор Телс

Борбата на Џејми“ на Денис Јанз (Протагонистот Џејми Вајсман ќе биде на МакеДокс од 21-ви до 25-ти август)

Долгиот пат“ на Иван Торес Хдез (присутен на МакеДокс од 22-ри до 26-ти август)

Кога ќе се разбудиш“ на Џеј Розенблат

Мала Југославија“ на Никола Илиќ (присутен на МакеДокс од 25-ти до 27-ми август)

Мориом“ на Марк Олекса и Франческа Скалиси

Нешто за животот“ на Небојша Слепчевиќ

Приказните на Рабасада“ на Феран Ромеу (присутен на МакеДокс од 22-ри до 26-ти август)

Уште еден обичен ден во Египет“ на Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (присутни на МакеДокс од 25-ти до 27-ми август)

Фигура“ на Катарзина Гондек (присутна на МакеДокс од 21-ви до 26-ти август )