Патувачко кино 2015


Славна Дебарца почна да ги разоткрива својата бујна природа и бурна историја. Митското и реалното тука склопиле необичен сојуз. Слоевите на традицијата, цивилизацијата и современиот живот создале чудесен амалгам. Епитетот славна го добила со своето минато исполнето со хероизам и борба за слобода на Македонија. Нејзините географски одредници битно влијаеле врз историските процеси што се одвивале тука, но и во денешно време овозможуваат да се сочуваат старите и да се создадат нови легенди. Патувачкото кино на „Македокс“ со своето магаренце тргна од југ кон север да ги раслојува тајните и легендите на Дебарца, или како што мештаните без исклучок ја нарекуваат Дебрца.


2015 - patuvacko poster

Видеа

Билтени