Патувачко кино 2013


Магарето на „МакeДокс“ натоварено со филмови, кино-опрема и многу, многу кромид пристигна во Преспанско.
За добредојде, жителите нè пречекаа со „преспански лигњи“ и салата од сечкан кромид. Откако се освеживме во Преспанското Езеро и физички се прочистивме, заминавме кон Сливничкиот манастир, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, кој во нас иницираше процес на духовно прочистување. Кога го прашaвме келнерот во локалната кафеана што мисли за кромидот, тој нè испрати со зборовите: „Сигурно во ваша близина ќе нема вампири. Имате кромид, носите позитивна енергија!“


patuvacko poster_2013

Билтени