Патувачко кино 2012


Годинава, Патувачкото кино патува онаму каде што нема село без маала и каде што нема слава без пехчевска сливова и беровско сирење. Ниту без малешевското оро. Онаму каде што никој не раскажал приказни ко нашите. Патува за Малешевијата. Нашето патувачко кино е во чест на Димитар Станоев – Мискеџијата. Во патувачкиот циркус на Димитар Станоев – Мискеџијата од Пехчево во 1933 година започнуваат филмски проекции. Патувачкото кино на Мискеџијата ги посетило сите села во Малешевијата.