Младински филмски клубови

Приказната за младинските филмски клубови ќе беше невозможна, а ризницата на креативни документарни филмови недоволно искористена без полетниот Младински образовен форум (МОФ) и поддршката на Националната фондација за демократија од Вашингтон. Од 2015 година наваму, еднаш месечно дванаесетте младински клубови на МОФ низ земјата се претвораат во мали кино-сали и пространи форуми за дискусија каде што светогледот на младите се шири, а сетилото за убаво се буди.