Маке Докс во училница

По двегодишно истражување и обука за употребата на аудиовизуелните содржини во формалното и неформалното образование, кон крајот на 2012 година го изготвивме и објавивме нашиот образовен првенец „МакеДокс во училница“. Станува збор за едукативен сет составен од 15 документарни филмови и прирачник за работа со нив, приспособен за наставата по социологија и граѓанско образованиево средните училишта во Република Македонија и одобрен од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Во текот на 2013/2014 година, обучивме 122 професори по социологија и граѓанско образование коишто ја спроведуваат оваа програма во 62 средни училишта во 25 градови во Македонија. Во 2016 година издадовме нов сет од филмови и прирачник за работа со нив и ја проширивме мрежата со уште 18 нови училишта. Благодарение на Националниот фонд за демократија(НЕД).