АКТив

„АКТив“е регионална школа за креативен документарен филм која настојува да ги воведе младите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија во универзумот на креативната документарна форма преку групни дискусии, филмски проекции, мастер-класови и снимање филмови во мали групи.

Оваа креативно-искуствена образовна програма „МакеДокс“ ја смисли заедно со „Студиорум“, сараевскиот „Право људски филм фестивал“ и призренскиот „ДокуФест“. Школата за првпат се одржа во2013 година во Призрен со поддршка од Балканскиот фонд за демократија. По успешното прикажување на петте снимени филмчиња на филмски фестивали низ светот, во август 2015 година се случија и второто издание во Крушево и уште шест нови филмски приказни, благодарение на Националната фондација за демократија.

АКТив #1 филмови

АКТив #2 филмови