Балканска дистрибутивна документарна мрежа

Балканската дистрибутивна документарна мрежа (БДДМ) постои од 2013 година, кога повеќето балкански доку-фестивали и неколку дистрибутери се здружија за да ја поттикнат и развијат дистрибуцијата на креативни документарни приказни низ регионот и така да ја освежат балканската доку-публика. Покрај „МакеДокс“, БДДМ ја сочинуваат„Рестарт“ (Хрватска) , „Слободна зона“ и „Делта Видео“ (Србија)„ДокуФест“ (Косово), „Андерхил фест“ (Црна Гора), „Демиург“ и „Петра Пан“ (Словенија).

„Докувизија“ е нејзиното првенче.