ОТВОРАЊЕ

На отворањето на МакеДокс се покажа дека може да има интимно, топло и по мерка на човек – отворање на филмски фестивал, иако Куршумли Ан беше буквално преполн со стотици убави, насмеани луѓе. Се бараше место повеќе, па макар и за игла. Сите присутни, секој поединец  со своето присуство, со својата енергија придонесе за веројатно најмагичното отворање на МакеДокс до сега. Искрено им благодариме на сите. Тоа е она, зошто постои МакеДокс.

Се обидовме да размениме и дел од импресиите и искуствата од патувачкото кино, на изложбата Патувањата на Магаренцето.

Џеј Розенблат не разбуди сите и не отвори за различните перспективи. Во филмот на Петра и Бранд останавме да се прашуваме кој свет е всушност превртен? Се фасциниравме сите заедно, како тинејџери кои се држат срамежливо за испотени раце на романтичен филм, без да знаеме дали е раката испотена заради филмот или енергијата меѓу нас. Јежек не понесе, со наследството кое несвесно го остави на Јосипа, Кимо, Тина и сега до сите нас… Чудни се вибрациите на овој космос. И радосни некако…

А Крис Екман и Фрикшнс, како крешендо или јаготка на шлагот за крај совршено ги спакуваа сите тие доживување и емоции. Им благодариме на сите за прекрасното колективно доживување.

И на бескрајно вредните и посветени волонтери и волонтерки, без кои ништо од ова немаше да биде така убаво. Довлечкаа уште стотина столици, перници и вешто се снаоѓаа како да ги распоредат гостите, за макар уште едно место за седење. И после имаа и енергија да се журкаат.

Погледнете како тоа изгледаше, за да ви е криво, во кусото видео