Екипажот на МакеДокс ги симнува едрата на кои се отсликаа неверојатни расприкажани слики. Дел од нив, полесно ги забележаа ноќните стражари и ги издвоија како значајни.

НАГРАДА КРОМИД ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ ВО ГЛАВНАТА ПРОГРАМА

ЖИРИ: АНТОН КАЛЕЈА, ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ И ТУЕ СТЕН МУЛЕР

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
„Во силната конкуренција на исклучително авторски интонирани документарни филмови, Жирито наградата ја доделува на филмот „21 x Њујорк“ на режисерот Пјотр Стасик, имајќи во предвид пред се мајсторска усогласеност на синестетичкиот и визуелно рафинираниот филмски израз со слоевитоста и повеќезначноста на темата и содржината на филмот. Филмот на Пјотр Стасик подеднакво супериорно зрачи колку со емотивните толку и со своите интелектуални димензии.“

IMG_0403

НАГРАДА МЛАД КРОМИД  ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА МЛАД АВТОР

ЖИРИ: КРИСТИНА ПЕРВИЛА АНДЕРСОН, СЕЛИН МУРАТ И ТЕЛАЛ ДЕРКИ

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

„Страствено патување низ сликовита убавина и беспрекорно филмско творење. Повеќеслојна приказна за Грузија видена низ младешки очи и глатка, урамнотежена соработка помеѓу тројцата филмски творци. Наградата ја доделуваме на „Кога земјата се чини лесна.”

Посебно признание му доделуваме на прекрасниот есеистички филм „Кршлива рамнотежа“ на Гиљермо Гарсија Лопез за успехот во амбициозното раскажување на една суштинска тема на 21-виот век.

 

IMG_0361

НАГРАДА КОКАРЧЕ ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ ФИЛМ

ЖИРИ: АНА ЈАКИМСКА, НЕНАД ПОПОВИЌ И ФИЛИП ВЕЛКОВСКИ

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

„Да се прави документарец значи да се истражува. Добивате можност да се движите низ просторот па дури и низ времето. Крајната цел зависи од вас… Наградата ја доделуваме на еден филм кој рече: Фати ме за рака, ќе те одведам во срцата на двајца кои биле заљубени цели 45 години. Не грижи се, тоа е на само 18 минути одовде. Насловот на филмот е „Блиски врски.“

IMG_0324

НАГРАДА СЕЧКАН КРОМИД ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ

ЖИРИ: АЊА МЕДВЕД, КАТАРЗИНА ГОНДЕК, РОБЕРТО БЛАТ

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Прво место- „Не сум од овде“

Образложение: Затоа што едногласно одлучивме дека е најдобар

Спецјално признание за филмот „Цуцли“

Образложение: Заради визуелната нарација

IMG_0253IMG_0297

НАГРАДА ЗА ЕТИЧКИ ИДЕИ ЗА ФИЛМ СО НАЈДОБРИ ЕТИЧКИ ИДЕИ

Жири во состав: Анета Дучевска, Брина Вогелник, Вито Флакер одлучи наградата да му ја доделат на филмот „Машини“ од авторот Раул Јаин.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

„Филмот задира длабоко во портретирање на судбината на милиони луѓе кои живеат и работат во девастираните објекти на текстилната индустрија во Индија. Преку моќно и впечатливо претставување на работниците, но и на посредниците и газдите, филмот отвора многу прашања поврзани со моралот и етиката на трудот.“

IMG_0451