МАКЕДОКС +

makedox_fig_1280x1024_mk

Датум: 20-25.08. 2017 г.
Место: Куршумли ан
Време: 18.00-20.00 ч.

Отворени за филмаџии, филмофили, новинари и пријатели

Еден ден, стотици години од сега, којзнае дали луѓето ќе веруваат дека под старата раскошна смоква во задниот дел на единствениот Куршумли ан во Скопје секое лето се заседнувале едно чудо раскажувачи од разни страни низ светот, та се расприкажувале до зајдисонце. Па, ги претворале во зборови сликите што ги имале в глава, само за да зборовите одново се претворат во слики пред очите на слушателите… и така, секое лето, со години.

Дојдете под сенката на смоквата, да уживаме во убавото додека трае.

Распоред:
20.08. (недела): Илија Цветковски, Озгур Демирџи, Атанас Георгиев
21.08. (понеделник): Саломе Јаши, Бојана Бурнач, Марко Кумер Мурч
22.08. (вторник): Владимир Блажевски, Мирослав Јанек + студенти
23.08. (среда): Аудриус Стонис, Талал Дерки, Ања Медвед
24.08. (четврток): Антон Калеја, Кристина Первила – Андерсон, Туе Стин Мулер, Роберто Блат
25.08. (петок): Катарзина Гондек, Пјотр Стасик, Илона Бицевска, Јулија Станишевска

night_stories_1280x1024_mk

Датум: 19-25.08. 2017 г.
Место: во и пред Куршумли ан
Време: 01:00- 03:00 ч. после полноќ

Отворени за сите со целовечерен билет за Куршумли ан.

Како лушпа о/д кромид, нè обвива ѕвезденото небо. Без него не се може, знаеме дека солзи на очи ќе дојдат. Под лушпата, слоеви од музика за сите сетила. Анот вибрира, кожата се ежи ама не ни е ладно. А под слоевите, највнатре – срце. Подмладено, подрасонето, ослободено од мислата за утре.

Затвори очи, ослободи нозе – време е за музика на „МакеДокс“.

Дел од годинешната музичка селекција:

ФОЛТИН- 19/08/2017 во 23:00 – Куршумли Ан

Битолската „Фолтин“ веќе 20 години ги поместува музичките граници кај нас и отаде македонската сцена. Музиката ѝ е надреална, звукот непредвидлив. Ја разбираме дури и кога не пее на македонски, а пее на шпански, француски, португалски, романски, па дури и на т.н. „спонтан есперанто“ – зашто „зборува за работите за кои никогаш не е доцна“. Ја препознаваме по страста и оригиналноста, ја памтиме по неповторливите перформанси. И не, не претеруваме кога велиме дека ѝ нема рамна, ни овде ни подалеку.

БРИНА – 23/08/2017 во 01:00 – Куршумли Ан

Од своето формирање во 2003 година до денес, „Брина“ успеа да го најде своето место на светската музичка мапа. Овој словенечки бенд се проби со реаранжирање и осовременување на словенечките народни песни, а низ годините прерасна во ансамбл со свој специфичен израз. Од словенски балади до бучни кафеански и танго-песни, печат им дава мекиот нежен глас на Брина Вогелник. Минатата година „Брина“ го издаде третиот албум „Соблечена кожа“ (Slečena koža), 12 години по првите два „Кучешка легенда“ (Pasja legenda) и „Младо лето“ (Mlado leto).

БАКЛАВА –  25/08/2017 во 23:00 – Куршумли Ан

Од преработки на традиционална и светска музика до неповторливи авторски песни, преку мешавина од
различни јазици и музички стилови, „Балкава“ веќе 12 години ја препо-знаваме по нејзиниот минималистички музички концепт. Чиниш, сите културни разлики во уметноста се сплотуваат во звуците на дефот, виолончелото и тамбурата и уникатниот глас на Елена Христова. Како да тоа не е доволно, па среде Куршумли ан
ќе „заиграат“ и визуелни материјали и едно кратко авторско филмче. Па потоа ќе продолжат да го истражуваат светот, храбро чекорејќи каде што ниедно блачко не било досега…

za izlozba

Датум: 20-25.08. 2016 г.
Место: Куршумли ан
Време: постојана поставка :)

Отворена за сите посетители

Честопати, „младите“ книжевници се борат да ги преточат во точни слики литерарни наративи, односно читателот да си создаде убава имагинација. Од друга страна, пак, визуелните уметници мака мачат нивните дела да проговорат и веднаш да допрат до публиката. Без разлика за каков вид на нарација се работи, раскажу-
вањето е дарба. Не може да се научи во училиште, ниту да се стекне на улица, од Бога е дадено и тоа „бреме“ избраните го носат од самиот почеток.
Даро Сулакаури e една од нив. Доаѓа од Грузија, од земјата којашто одамна остави силен печат во визуелизција на
зборот и мислата. Тој моќен печат, паметиме, остана запишан на целулоидната лента. Даро се роди со фотоапарат и целулоидна лента, а првата изложба ја направи на 12 години.
Овогодишната грузиска филмска селекција е составена исклучиво од нови автори, а Даро ке ја запознаеме од нејзината најрана младост до ден денешен. Ни претстои едно прекрасно патување низ земјата на муабетите.
Уживајте со „младите“ автори.