Македокс четврти ден

Со утринско загревање се разработуваат запчаниците на бродот на приказните. На параходот на МакеДокс на четвртиот ден се качија сите присутни на работилнцата на Ика и Пикисипи, преполната со публика смоква, и сите гладни за ултра богатото со лук малиџано. На конвојот се придружи и сибирската пловечка болница, на докот се гледаше Борбата на Џејми, се качија и Двајца Браќа со извонредна визуелна нарација и научивме сите заедно Нешто за животот. Во водите околу нас се уверивме дека Златните рипки најдобро пливаат под вода, а предрасудите за каков и да е облик на Силиконска Љубовбуквално ни се срушија. Во касните саати свиреше бродскиот бенд Тони Китановси со Черкези во благо меланхолична атмосфера поттикната од испарувања од лук. Дежурната екипа морнари уредно го дочека изгрејсонцето за да извика: Копно на видикот! И педантно ја предаде смената откако и мујезните го поздравија денот и не потсетија дека Господ е голем. Потоа, ново подмачкување на запчаниците, за нови патувања. Ве очекуваме на нашите нови патувања…