Минатата година, истражувајќи ги паралелите по вертикала, помеѓу микро и макро космосот, покрај другото, осознавме дека промените се циклични, а екстремите се само рефлексии во огледало. Годинава, сакаме да ви го покажеме тоа. Нема бело без црно, добро без лошо, горе без долу. Повторно, низ бескрајните можности, навидум ќе исртажуваме по хоризонтала. Заедно со ланската приказна, ќе исцртаме крст, значи круг, двоен, како осумка, како бескрај…