ВТОРА ВЕЧЕР МАКЕДОКС

На втората вечер на МакеДокс две премиери, и повторно преполни гледалишта.
Отворање на студентската програма со светската премиера на Студантс на Тамара Котевска a во главната програма ја имавме светската премиера на Отаде границите на Петер Зах.
Прекрасно е чувството кога посетителите доброволно помагаат во средувањето на столчината после проекциите.

Се распосла второто едро-платно на платото пред Музејот на Македонија со студентските филмови. Во Куршумли ан го видовме Јозеф Војтила како станува папа од стиропор, а Katerzina Gondek ни ја сподели својата приказна за филмот. Видовме како изгледаУште еден обичен ден во Египет, по Арапската пролет.  Нашите стари пријатели Piter, Jana и Thomas, ни дојдоа и ни покажаа светОтаде границите. Многу повеќе филмови и уште повеќе човечка и топла енергија на втората вечер на МакеДокс 7. Искрено, се грижевме дали просторот ќе не изеде, се покажа дека за Скопје е гладно за искрени и убави приказни.

Галерија
Видео хроника